
Нашите готвачи за Вас го одбраа најдоброто од медитеранската кујна – рибата, морските плодови, тестенините и месото, сето тоа гарнирано со свеж зеленчук од локално поднебје и зачинето со зачини што сами ги одгледуваме. Повелете препуштете се на единственото кулинарско уживање. Нашиот персонал со задоволство ќе Ве води низ нашето мени и ќе Ви помогне во изборот на најдоброто вино.