
Ресторанот Далма беше отворен во 2005 година и многу скоро стана една од омилените дестинации во градот. За познавачите тоа е совршено место во кое може да се најде првокласна храна, интимен амбиент и беспрекорна услуга.
Уживајте во елегантниот, дискретен ентериер и гастрономското искуство кое Ве очекува. Нашите готвачи за Вас го одбраа најдоброто од медитеранската кујна рибата, морските плодови, тестенините и месото, сето тоа гарнирано со свеж зеленчук од локално поднебје и зачинето со зачини што сами ги одгледуваме. Повелете препуштете се на единственото кулинарско уживање. Нашиот персонал со задоволство ќе Ве води низ нашето мени и ќе Ви помогне во изборот на најдоброто вино.
"Дефинитивно ефинитивно едно од моите
омилени места во градов. Се’ што сум пробала досега таму
било едноставно превкусно. Услугата е на беспрекорно
ниво, а ентериерот преубав. Многу ми се допаѓа
тоа што кога ќе излезете од ресторанот не мирисате
на храната која што се приготвувала. Прекрасно
место за романтична вечера, но се сложувам со
еден од гостите кога вели дека нема простор за
интимност. Доколку беше ресторанот малку поголем
и со поголем акцент на интимна атмосфера, ќе
беше ИДЕАЛЕН. Но без разлика, како голем гурман,
јас се радувам што ја имам таа можност да уживам
во приготвеното. А ако сте во друштво на правата
личност, нема да ви пречи ни да има милион луѓе
околу вас!